Во Италија измерени се 48,8 степени Целзиусови во југоисточна Сицилија.Измерена е од СИАС – агрометеоролошката информативна служба на Сицилија.
Рекордна температура е забележана во 14 часот во Флоридија, место во провинцијата Сиракуза на Сицилија.
Претходниот рекорд го држела Атина, каде во 1977 година биле измерени 48 степени.
Патем, на Сицилија на 20 септември 1999 година биле регистрирани 48,5 степени, но тоа никогаш формално не било признато како рекорд.
Денешниот рекорд на Флоридија е исто така неофицијален. Мора да биде проверен и одобрен од експерти од Светската метеоролошка организација.Флоридија и внатрешноста на Сиракуза се наоѓаат во посебна конформација која ги крева температурите на многу високо ниво, пишува Кориере дела Сера. Неколку десетици километри подалеку, температурите се пониски за 10-12 степени.
Особено на Сицилија, но и во централна и јужна Италија, и делумно на север, многу високите температури се под влијание на струите што доаѓаат од Сахара.
Утре во 10 италијански градови ќе биде прогласен црвен аларм за топлина, а во петок дури 15. До 15 август, максималните температури во Тоскана, Лацио и Емилија би можеле да достигнат 39-40 степени во внатрешноста, 38 во Рим, 37 во Венето и Ломбардија , 35 во Пиемонт и 32 во Лигурија, според прогнозите на IlMeteo.ita.
Интензивниот топлотен бран продолжува да го гори Медитеранот и Северна Африка. Топлото и суво време одиграа голема улога во создавањето услови за експлозивни и разорни пожари во Турција и Грција.
