Во јануари нема да платат за пристап до мрежа – граѓаните предвреме ја платиле новата давачка за струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грешка е давачката од 200 денари во сметките за декември кои ги добиваат граѓаните овој месец.

Во јануарската сметка за струја нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Како што објаснува, ова се прави со цел да се тргнат сите сомнежи дека за некого овој надомест ќе претставува профит.

Давачката од 200 денари ќе продолжи со февруарските сметки.