Во јануари земјава ја посетиле 55.266 туристи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во јануари годинава во земјава имало 55.266 туристи кои оствариле 109.733 ноќевања, што протставува зголемување за 12,7 отсто на бројот на туристи во споредба со ланскиот јануари, додека бројот на ноќевања пораснал за 6,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 1,0 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 20,6 проценти. При тоа, домашните туристи оствариле за 1,5 отсто повеќе ноќевања, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11,4 проценти.