Шест руски морнари повредени во пожар на товарен брод во Јужна Кореја. Според руски LIFE , бродот се наоѓал на осум километри јужно од пристаништето Гамчеон во Бусан.
Според извештајот, пожарот избувнал околу 7:14 часот по локално време на брод-ладилник што се користел за транспорт на лесно расиплива стока, а на него имало 23 членови на екипажот од Русија. На помош на морнарите дошол патролен брод на поморската полиција во Бусан, кој патролирал во близина.
На местото на пожарот биле повикани и Централната поморска спасувачка група и крајбрежната стража.
Целиот екипаж бил спасен, а пожарот бил изгаснат околу 08:00 часот. Шест морнари се префрлени во болница, на двајца им се констатирани сериозни повреди и изгореници.
