Иселувањето на младите од нашата земја последниве години е загрижувачки феномен. Иста е состојбата и во Кичево. Младите од овој град немаа надеж дека тука може да има подобра иднина. Тие сакаат да си заминат по завршување на школувањето алудирајќи дека системот во нашата држава не им го нуди потребното вработување. Ивана Лазеска, претседателка на Младинскиот локален совет каде се опфатени млади од сите етнички заедници вели дека младите својата перспектива ја гледаат во државите на ЕУ.
Ова го покажуваат и статистиките на Агенцијата за вработување каде се евидентирани лицата без работа. Последните статистики од месец мај говорат дека во Кичево има 3198 невработени, главно со завршено средно и високо образование. Загрижува фактот што за работа чекаат и 34 магистри.
Вкупно се 3198, од нив 1518 се жени
Без и со основно образование се: 1615, од нив 771 жени
Без довршено средно образование: 280, од кои 93 жени
Со средно образование, невработени: 909 лица од кои 401 жени
Со вишо образование работа чекаат 45 лица, од кои 22 жени
Со факултет невработени се 314, од кои 210 жени
Магистри без работа се 34, од кои 21 жени
Доктори на наука, без работа, пријавено е 1 лице. Според некои статистики околу 60% од албанското население во Кичево живеат во странство, а Македонци надвор од родното место има 5%, вкупно 35000 кичевци живеат и работат надвор од земјава.
