Во Кичево гласаа немоќните и заразените – 329 стари и немоќни, и тројца заразени со ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателите и членовите на избирачките места во Кичево чекаат пред Општинската изборна комисија за да ги добијат изборните материјали. Потоа излегоа на терен каде се одвива гласањето на старите, немоќните и лицата со посебни потреби.

Гласачките процес се одвива под посебни анти-ковид мерки и протоколи. Претседателката на Општинската изборна комисија, Афије Јонузи-Исмаили, рече дека во Кичево за гласање се пријавени вкупно 329 стари и немоќни лица и тројца заразени со коронавирус.

„Денеска од 8 часот почнавме со дистрибуирање на материјалот. Исто така почна и гласањето на болните кои се 329 на број, а пријавени заразени граѓани се 3“, истакна Афије Јонузи Исмаили.

Пред гласањето најпрвин се направи дезинфекција, но не беше користена идентификација со отпечатоци на прсти, туку беше употребен стариот метод – со УВ-ламба и спреј.

Овој 97-годишник го искористи своето право на глас.

„Ако дозволиме ние, ќе направат, ако не дозволиме нема да направат. Нема што да правиме. Тој сам не може“, вели гласач.

Своето гласачко право го остварија и заразените граѓани. Медицинскиот персонал и членовите на комисијата беа облечени во заштитна облека и маски. Велат дека ги преземале сите потребни мерки за да го минимизираат ризикот од заразување.

Тргнаа на терен и овозможија да гласаат заразените гласачи кои се пријавени.

Инаку, утре во 7 часот се отвораат гласачките кутии во земјата, а до 19 часот граѓаните ќе можат да излезат и да ја извршат својата граѓанска должност.