Денеска во Истанбул, Турција најверојатно ќе се одржат трилатерални состаноци наместо мировни преговори кои требаше да почнат помеѓу Русија и Украина во турскиот најголем град.
„Трилатерните преговори меѓу САД, Украина и Турција од една страна и помеѓу Русија, Украина и Турција од друга страна се на дневен ред“, рече синоќа извор од турското министерство за надворешни работи.
Според тоа се чини дека директни преговори меѓу Русија и Украина нема да има.
Во меѓувреме во Украина и натаму одекнуваат експлозии. Киев беше цел на напади на руски дронови.
„Експлозии во главниот град, противвоздушната одбрана делува“, извести градоначалникот Виталиј Кличко.
