Во Куманово уапсен „пироманот“: Лисици за 35-годишникот кој запали 3 автомобили и 1 локал

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уапсен е 35-годишниот маж со иницијали Ф.А. од Куманово, кој, според полицијата, е осомничен дека запалил деловен локал и три автомобили во Куманово.

Од Секторот за внатрешни работи соопштуваат дека денеска во раните утрински часови, околу 01:10 часот, во регионот на Бит Пазар, уапсено е лице идентификувано од безбедносните камери како осомничено за намерно подметнување пожар пред три дена.

Деловниот објект бил на општинскиот советник на ДУИ, Фитор Јакупи. Еден од опожарените автомобили бил на вишиот обвинител Џељал Бајрами кој бил екс заменик министер на МВР од ДУИ. Вториот автомобил му припаѓал на Ердуан Асани кој е во семејна врска со екс пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми, додека третиот автомобил кратко време бил во сопственост на Ментор Шахини од населбата Дарданија. Вчера министерот за внатрешни работи рече дека станува збор за добро организирана група и дека властите работат на целосно расчистување на случајот до откривање на сторителите и нарачателите на ова кривично дело.