Четворица мажи кои десет дена беа заглавени во поплавена пештера во централен Лаос денеска беа успешно евакуирани, соопштија тајландските спасувачи. Операцијата за спасување е успешно завршена еден ден откако беше евакуиран првиот од петте заробени мажи.
Петмината спасени се дел од групата од седум жители на Лаос кои влегоа во пештерата во покраината Ксаисомбун минатата среда во потрага по злато, но нивниот излез беше блокиран од пороен дожд, ненадејни поплави и лизгање на земјиштето, оставајќи ги заробени повеќе од една недела во поплавената пештера.
Спасувачите сега ја продолжуваат потрагата по двајцата исчезнати селани во подлабоките делови на пештерата, на околу 20 до 25 метри од местото, каде беа пронајдени преживеаните, иако тој дел е целосно поплавен.
