Во мај 97 отсто Ковид-19 исчезнува од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проекција од универзитетот за технологија и развој во Сингапур, предвидува кога ќе биде ставен крај на пандемијата на коронавирусот во Светот, и во секоја држава одделно.

Така во глобалната анализа, пишува дека Ковид-19 ќе биде актуелен до 1. декември годинава.

Податоците се базирани на математички модел наречен SIR (сомнителен-заразен-закрепнат) кој дава насока за развојот на заразата.

Професорот и воедно шеф на лабараторијата за прочување податоци Џуангси Луо, истакнува дека преку воспоставениот модел може да се процени кривата на животниот циклус на пандемијата, и да се одреди кога таа ќе заврши.

Така според податоците, за Македонија се предвидува 97 остсто исчезнување на Ковид-19 на 13 мај, 99 отстон на 22 мај, а целосно коронавирусот во нашата земја ќе го снема на 16 јуни.

Кај нашите соседи оваа проекција вели дека тие нешто повеќе ќе се борат со пандемијата. За Србија се предвидува целосно исчезнување во август, во Грција во јули, додека Албанија ќе се бори со вирусот дури до октомври.

Но, од универзитетот велат дека испитувањето е подложно и на грешки, затоа што секое предвидување е неизвесно.

„Секое предвидување, по природа, е неизвесно. Читателите мора да бидат претпазливи. Преголемиот оптимизам за некој од предвидените датуми е опасен бидејќи може да резултира со појава на недисциплинирано однесување и да предизвика значително зголемување на вирусот“,велат од Сингапурскиот универзитет за технологија и дизајн.