Во март минималната плата се зголемува, колку ќе помогне за зголемување на стандардот на граѓаните?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 20 илјади денари се очекува да биде минималната плата од март годинава. Но колку ќе влијае ова покачување за подобрување на животниот стандард на граѓаните кои примаат минималец? Според министерот за економија, Крешник Бектеши, покачувањето на минималната плата ќе се почувствува независно од покачувањето на цените.

-Не верувам дека пред 5 години цените биле 100% пониски споредено со сегашните цени. За ова официјално говорат сите податоци. Максималното поскапување е од 20-30%, за ова ДЗС излезе со податоци пред неколку дена. Минималната плата е покачена за 100% тоа е факт а тоа го чувствуваат граѓаните кои во тоа време за жал примале минимална плата од 150 евра-рече Бектеши.

Но, според професорот по економија Абиљ Бауши, владата треба да биде многу внимателна кога зборува за зголемување на трошоците или за покачување на платите а од друга страна за економскиот параметар за излез од инфлацијата.

-Инфлацијата ја јаде платата на граѓаните и тоа во исклучително голем процент. Ние годината ја завршивме со инфлација од 14,5/6, додека цените на основни производи завршија со алармантни бројки, 20%. Значи, животниот стандард секогаш ќе трпи кога имаме рецесија. Ние имаме рецесија и тоа треба да го прифатиме. Ние сме во состојба на криза-рече Бауши.

Инаку, Северна Македонија се уште е во двоцифрена инфлација, а се очекува оваа инфлација да се намали од април. Меѓутоа, според професорот Абиљ Бауши треба да се направи исклучително добар план за да може да се контролира инфлацијата и од друга страна да се зголеми животниот стандард на граѓаните.