Во Маврово наврна најмногу дожд и беше најстудено утрово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Маврово и во Лазарополе утрово беше најстудено, со измерени четири степени. Крушево со шест беше после нив, па следуваа Пожаране со седум, Тетово и Берово со осум.

Покрај тоа што беше најстудено во Маврово, таму наврна и најмногу дожд (18 литри на метар квадратен).

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени