Во минус дури 218 судии! – Треба да бидат 633, имаме само 415

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Северна Македонија недостигаат 218 судии! Во сите судови низ земјава треба да има 633 судии но во моментов има само 415. Оваа бројка се менува секојдневно бидејќи некои судии заминуваат во пензија, вели заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми. Недостигот од судии според него е причина за доцнењето на предметите, губењето доверба кај граѓаните во правниот систем.

„Замислете во Основен суд Тетово, во последнава фаза, 8 судии заминаа во пензија. Поголемите судови, како што се Кривичен Скопје 1 и судот Скопје 2, имаат недостиг од судии. Да не зборуваме за Апелација каде се предметите посложени а недостигаат судии. Се разбира, поради недостигот од судии, имаме и доцнење на предметите. Граѓанинот не разбира кога ќе го прашаш и вели дека за еден предмет чека 1 или 2 години, се разбира дека нема доверба“, вели Селим Адеми.

Ниту Адеми не е задоволен со нивото на доверба на граѓаните во судството, нешто што го покажува и последната анкета на ИРИ, но истакнува дека 4% рекле дека имаат “целосна доверба“ а графиката за “доверба во судството“ е 19%.

„И со 19% не треба да кажеме дека треба да бидеме задоволни, бидејќи додека е под 50% не треба да кажеме дека имаме целосен кредибилитет, туку реално, за целата јавност, треба да се каже дека најновото истражување на ИРИ, во кое сите ни веруваме, е 4% „ние целосно му веруваме на судството“ и 19% му веруваат на судството“, додава Селим Адеми.

Анкетите покажуваат дека има корумпирани судии, вели Адеми, но додава дека Судскиот совет нема надлежност да ги истражува предметите, туку само да ги презентира до Обвинителството кое, според него, не постапува.

„Има случаи кога сме поднеле и тоа е во нивна надлежност, но немаме информации дека е изработена некоја постапка или е покрената некаква постапка, има некаква оправданост, недоволно докази, но доказите не може да ги обезбеди Судскиот совет. Во документите што ни доаѓаат како информација, кога ќе видиме дека можеби има елементи на корупција, ги предаваме, но обезбедувањето на доказите треба да го направат други органи“, порача Селим Адеми.

Решението за борбата против корупцијата Адеми го гледа во соработката на граѓаните со институциите, а од друга страна се надева дека пополнувањето на испразнетите места судии ќе се направи со доаѓањето на новата генерација која се подготвува на Академијата за судии и јавни обвинители.