Во моментов на коронавирус се тестираат 12 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во моментов на присуството на коронавирус се тестираат 12 лица од Македонија. Повеќемина од нив се соседи на брачниот пар од Дебар кои биле во контакт со парот кај кого беше потврдено присуство на коронавирусот. Ова го изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Резултатите ќе ги имаме околу 15 часот за сите овие кои се испитуваат, со што ќе бидете информирани“, најави Филипче кој уште еднаш ги повтори мерките кои стапија во сила денеска.

Шесте пациенти се добри, во стабилна здравствена состојба, седмата има негативен тест.