Министерството за одбрана на Нагорно Карабах соопшти дека бројот на жртвите во војната против Азербејџан од 27 септември се зголемил за уште 29. Вкупно загинале 633 војници.
Ерменија и Азербејџан не можат да постигнат мировен договор за Нагорно Карабах со децении. Во војната во 90-тите години загинаа околу 30 000 луѓе. Кон крајот на септември, двете земји го продолжија конфликтот во спорниот регион.
Во последниве денови, Ереван и Баку взаемно се обвинуваат дека започнале нови напади по хуманитарното примирје за време на викендот.
