Како ги разликувате, при допир или со машина?
Да и при допир и имаат неколку знаци овде, парите се подебели. Но ние имаме и опрема, на пример кога се бројат парите, запира кај фалсификатите. Овој знак овде не свети и сè малку матни. Кај еврото имаме промена на бојата кај 100 евра и се изгребани, но сепак се познаваат на допир.
На овој начин овој вработен во менувачница ни објасни како се разликуваат фалсификуваните банкноти. Според него луѓето кои се занимаваат со тоа можат многу лесно да ги познаваат фалсификуваните пари, но тоа не е толку едноставно за обичните граѓани.
„Луѓето се жртви на фалсификувани банкноти бидејќи не можат да ги разликуваат, затоа ние ги проверуваме и со машина и со допир.
Значи не се разликуваат толку лесно?
Не е толку едноставно, посебно за луѓето кои не ја работат оваа работа е малку потешко. Но и ние доколку не провериме добро, грешиме и ги примаме“, вели вработен во менувачница.
Деновите на пазар се појавија фалсификувани банкноти од 2000 денари. Од Народна банка на РСМ велат денарите не се фалсификуваат често и обемот на фалсификувани пари во земјава е
многу мал. Во. Според нив, токму поради тоа ниско е нивото на влијание врз стопанството на нашата земја.
„Во последниот период, забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари. Сепак, би сакале да потенцираме дека фалсификувањето во нашата земја е на релативно ниско ниво и дека појавениот тип на фалсификат е лесно препознатлив, доколку се обрне внимание на проверката на заштитните елементи на банкнотите при ракувањето со готовина“, велат од НБРМ.
Согласно член 29 од Законот за Народната банка, единствена овластена институција
за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и
во странски валути е Народната банка. Во тој правец, претседателот на Здруженијата на банкарски клиенти, Драги Кушовски, вели дека нерегулирањето со закон на ова прашање ги тера граѓаните да продолжат да ги користат фалсификуваните пари.
ДРАГИ КУШОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА БАНКАРСКИ КЛИЕНТИ
Според податоците на МВР, во текот на 2021 година се пријавени 42 случаи на фалсификувани пари, од кои 16 на банкнотата од 2000 денари, 73 на 100 евра, 9 банкноти од по 100 долари, 22 банкноти од 500 евра и 2 банкноти од 50 евра
Инаку според член 268 на Кривичен законик, сторителите на кривичното дело фалсификување пари се казнуваат со казна затвор од 1 до 10 години.