Во овој град алкохолот е поевтин од водата, а шопинг центрите и рестораните работат нон-стоп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Размислувате за патување во Јужна Кореја, тогаш овој текст треба да ве поттикне за тоа каде да одите. Станува збор за Сеул, град во кој алкохолот е поевтин од водата, а кафулињата, рестораните, баровите и шопинг центрите работат нон-стоп.

Во овој град никогаш нема да ви биде досадно, затоа што е се отворено 0-24: рестораните, кафулињата, баровите, спа центрите, шопинг центрите. Така што за времето не треба да размислувате.

Рестораните се познати по тоа што често ќе јадете на маси кои се ниски, но за такво нешто постои оправдана причина. Нема да добиете ниту столче бидејќи ќе треба да седите на подот. Во старите ресторани и натаму се негува стара традиција на греење на подот, и така ќе ви биде топло.

Некои алкохолни пијалоци ефтини се од вода. Популарен алкохолен пијалок е наречен Соја. Пијалокот е со неутрален вкус и подсетува на водка, но нема силно да ве „удри“ затоа што има малку алкохол. Но, може да го најдете од 16 до 58% алкохол, и е поевтин од водата.