Неколку илјади луѓе се собраа денеска на демонстрации за правата на жените во Париз на покана на организации и синдикати за борба против родовата нееднаквост.
Жените кои излегоа на протест велат дека денеска се собрале бидејќи „има загрозување на правата на жените во Франција и во светот“.
„Феминизмот никогаш никого не убил, мачизмот убива секој ден“, велат демонстрантите од еден од транспарентите, пренесува весникот Фигаро.
