Во пожар во Амстердам загина едно лице, евакуирани 100 станови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице загина во голем пожар во станбен комплекс во Амстердам, потврди локалната полиција.

Во меѓувреме, пожарот беше изгаснат, а околу 100 станови беа евакуирани во операцијата, објави холандскиот јавен сервис НОС.

Телото е пронајдено околу три часа откако избувнал пожарот во еден од становите, а полицијата истражува можни кривични дела поврзани со инцидентот.

Фото: Архива