Во првите 72 часа како градоначалник на Скопје Ѓорѓиевски би исчистил градот, а Мециновиќ би раскинувал штетни договори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се обврза дека откако ќе го добие мандатот, за 72 часа проблемите со хигиената и отпадот во Скопје ќе станат минато.

„Во целиот изминат период, но и како реакција на социјалните мрежи, реагираме на овој начин затоа што Јавното претпријатие за комунална хигиена не си ја врши својата работа, и така ќе продолжиме во наредните десет дена додека градската власт не преземе одговорност и конечно не ја реши ситуацијата таму.“, изјави Ѓорѓиевски.

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, рече дека ќе понудат алтернатива заснована на интересите на граѓаните, кога станува збор за комуналната хигиена и градските служби.

„Првата работа е дека во првите 72 часа, градската власт ќе ги раскине сите штетни договори, ќе ја прекине контроверзната зделка за маркетинг реклами со агенцијата во однос на просторот во нашите автобуси и на нашите станици.“, изјави Мециновиќ.

Мециновиќ најави дека Левица е во разговори со неколку независни листи околу можноста за соработка во Градскиот совет. Тој истакна дека со некои, како движењето „Зелен хуман град“, во претходниот мандат имале заеднички ставови и гласања.