Во првите редови во борба против Ковид, но новинарите останаа да чекаат за вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пандемијата со коронавирусот особено падна тешко врз грбот на медиумите и медумските работници уште од самиот почеток кога практично имаше рестрикции и мерки. Новинарите беа постојано на терен и известуваа за граѓаните да знаат што се случува во нашето општество. Земајќи ја во предвид, работата и природата на работата на новинарите, многу е важно тие да бидат заштитени со цел да бидат граѓаните информирани, смета директорот на ЗНМ Драган Секуловски. Но иако за вториот список има повеќе новинари и медиумски работници кои се пријавија за вакцинација, тие сеуште чекаат за дата кога ќе се вакцинираат.

„За вториот список има повеќе пријавени бидејќи во нашиот сектор се цени дека има околу 1000 новинари со уште 1000 медиуски работници плус јавниот сервис секако и се чека за дата кога ќе се вакцинираат вториот пакет на медиумски работници. Ние постојано сме во комуникација со Министерството за здравство инсистираме тоа да биде многу бргу бидејќи секој ден имаме многу настани, новинарите се изложени на дополнителен ризик и затоа се надевам и апелираме на овон начин да бидат ставени во преден план со цел се заврши комплетната вакцинација на нопвинарите и медиумските работници“, рече директорот на ЗНМ, Драган Секуловски.

Тв21 праша во Министерството за здравство кога може да се очекува да се вакцинира втората гупа на новинари, но од таму добивме само краток одговор дека немаат таква информација. Здружението на новинари заедно со синдикатот иницира акција за вакцинација на новинарите и медиумските работници, која се спроведува во две фази. Првата фаза беше за лицата над 40 години кои се хронично болни и во таа фаза се вакцинираа околу 600 лица од 850 пријавени. Во Република Северна Македонија од заразување со Ковид-19 досега починаа неколкумина медиумски работници.