Исплашена и криејќи се Паулине Волвик ги раскажува за ТВ21 денешните случувања во градот Харков, вториот најголем град во Украина, кој Русија се обиде денеска да го освои. Вели дека се чувствуваат загрозени за нивниот живот и дека заминувањето од земјата е последна опција за неа.
Паулине исто така раскажа за нас дека е тешко да обезбедат храна и други средства за живеење бидејќи излегувањето на улица е многу опасно, но сепак се обврзани да излезат поради личните потреби.
Инаку Харков има околу 1.4 милиони жители, и се наоѓа помалку од 32 километри во југ на руската граница. Руските сили веднаш и се доближија на овој град по нападите од четвртокот. Поради ова причина паниката и стресот кај граѓаните се многу големи.