Во пукање во Белград ранет 21-годишен македонски државјанин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пукање во белградската населба Врачар вечерва, ранет е македонскиот државјанин Д.Л. (21). Како што пренесуваат српските медиуми, државјанинот на Македонија е сосема случајна жртва на пукањето, во кое е ранет А.П. (26).

Набрзо на местото на настанот пристгинала брза помош, а македонскиот државјанин имал прострелни рани во грбот.

Како што пренесува „Информер“, мета на нападот бил А.П, додека Д.Л. се нашол на погрешно место и тој бил ранет на две места со заскинати куршуми. А.П. имал дури 12 кривични пријави и полициски досиеја. За него била распишана и потерница.

Во истата населба Врачар на 3. мај оваа година беше извршен масакр во училиште, откако седмоодделенец влегол во училиштето „Владислав Рибникар“ и на лице место уби осум ученици и обезбедувањето, додека уште една ученичка им подлегна на повредите во болница 12 дена подоцна.