Во развој втора генерација вакцини против Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Втората генерација на вакцини против Ковид-19, развиени од Кјурвак и ГлаксоСмитКлајн е дизајнирана да заштити од различни варијанти на коронавирусот и произведе високо ниво на имунолошки одговор при тестирање врз стаорци, соопштија денеска компаниите.

Станува збор за единечна доза на вакцина која користи mRNA технологија, слична на успешната вакцина развиена од Фајзер/Бионтек и Модерна.

Почетокот на клиничките испитувања на вакцината кај луѓе се очекува во третиот квартал од оваа година.