Пратеникот Антонијо Милошоски изрази задоволство што на вчерашната собраниска седница било прифатено да се дискутира за Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, за македонските црвени линии поврзани со евро-интеграциите и со блокадите од Бугарија, а кои се однесуваат пред се на сочувување на идентитетот и јазикот.
Според она што го изјави Милошоски, за Резолуцијата ќе се расправа веднаш кога ќе заврши расправата за ребалансот за буџетот, која е веќе во второ читање и втор ден.
Тоа значи дека најдоцна за десет дена Резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред пред пратениците.
Во однос на тоа што документот е поднесен со С.Македонија, резолуцијата ќе претрпи измени. Односно ќе се интервенира преку амандман со цел на резолуцијата да пишува Северна Македонија, како што бараше СДСМ.
Па, така оваа партија поднела амандман по ова прашање, а кога ќе се најде пред пратениците ВМРО-ДПМНЕ ќе биде воздржана, односно нема да гласа за или против, па така амандманот ќе помине.
Според Милошоски побитно е резолуцијата да помине согласно содржината и да нема веќе како што вели пазарџиска демократија.
„Сметаме дека содржината на оваа Резолуција е многу битна и добро македонското Собрание што поскоро истата да ја изгласа по содржина како што беше и доставена, бидејќи е надпартиска и утврдува една сериозна европска вредност, а тоа е правото на сопствено определување на идентитетот и зачувување и негување на сопствената историографија“, посочи Антонио Милошоски.
