Во Русија дневен рекорд на починати – 799

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Русија денеска регистрираше 23.947 нови случаи на коронавирус и повторно рекорден број на починати, втор ден по ред – 799 лица.

Русија е на удар на нов бран на Ковид-19, а властите тоа го препишуваат на заразната Делта варијанта, пренесува Ројтерс.

Некои научници сугираа дека во минатите денови, сепак, бројот на нови случаи почнал да опаѓа, барем во Москва.