Во САД денеска почна вакцинацијата против коронавирус за деца на возраст од 12 до 15 години. Станува збор за околу 17 милиони деца.
Од денеска, во САД и околу 15.000 аптеки ќе почнат да спроведуваат вакцинација.
Вакцината за оваа возрасна група е иста како и вакцината за возрасни, вклучувајќи го и дозирањето, така што децата ќе можат да ја примаат вакцината на постојните локации.
