Во Сараево застрелан шведски државјанин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во сараевската населба Ступ, вечерва е убиен шведскиот државјанин Харис Остердал, кој е познат по голем број на кривични дела, и водач на нарко мрежа во Шведска, пренесуваат медиумите во БИХ.

Пукањето се случило во 16:30 часот кога две лица на велосипед пукале во него. Во случката е повреден и државјанин на БИХ.

Напаѓачите брзо побегнале од местото на настанот. Полицијата потврди дека е убиено едно лице, додека на другото се утврдуваат тежината на повредите.

Остердал бил водач на нарко мрежата „Профит“, а пред пет години е осуден на затворска казна од четири години. Тој зедно со неговиот брад бил осудуван за повеќе дела.