Во село во Африка најден необичен камен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Странските медиуми пренесуваат дека оваа недела повеќе од 1000 „ловци“ на богатство се упатиле кон селото Ква Хлати во јужноафриканската провинција Ква Зулу-Надал, надевајќи се дека ќе пронајдат дијаманти, откако во текот на минатиот викенд еден селанец пронашол необичен камен.

Тој се пофалил дека во селото на ливада нашол необичен камен и од тогаш мештаните почнале да копаат цел ден за да пронајдат ист таков камен.

Некои веруваат дека е во прашање кварц.

„Ова откритие ќе ги смени животите. Никој овде немал стабилна и сигурна работа, мојата фамилија би била пресреќна кога сум се вратил со овој камен дома“, рекол Мендо Сабело кој е татко на две деца.