Во Шпанија ден со најниска смртност после долго време, но властите предупредуваат – рано е за оптимизам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Шпанија се регистрирани 510 нови случаи на починати од коронавирус, што е најмала бројка од 23 март кога бројот на починати беше 462 лица.

Вкупниот број на жртви така се искачи на 16.353 лица, додека бројот на заразени со вирусот изнесува 161.852 лица.

Во Шпанија продолжува трендот на опаѓање на болни и починати, но властите најавуват дека не треба да се брза со оптимизмот, и да се почека до понеделник затоа што и пред викендот бројките секогаш биле пониски од просечните.