Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19, од кои 330 се на територија на Скопје.
Од почетокот на пандемијата досега во Скопје има 32.642 случаи на коронавирус, од кои активни се 11.566.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910.
Досега во земјата се направени вкупно 371.391 тестирања на Ковид -19.
