Во Словенија 480 лица заразени со Ковид-19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на случаи од коронавирусот во Словенија се искачи на 38 во изминатите 24 часа, и сега изнесува 480, соопшти Националниот завод за јавно здравје.

Најголемиот број заразени се меѓу 25 и 34 години, а хоспитализирани се 65 лица, од кои 10 се наоѓаат на интензивна нега.

Во Словенија денеска е забележан четвртиот смртен случај од коронавирусот. Почина постара жена во старечки дом, која имала хронични болести.