Во Собранието дебата за дополнувањето на Законот за јавните набавки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Предлог на закон за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, предизвика дебата на денешната 32. седница на Собранието. Пратениците од опозицијата се изјаснија дека нема да го поддржат законот.  

Целта на предложеното дополнување на Законот за јавните набавки е да овозможи пофлексибилен начин на исплата на аванс за јавните набавки кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии и епидимеии на заразни болести, согласно со воспоставената практика на производителите на потребни средства на глобално ниво. 

Опозициските пратеници ја критикуваа власта за немањето вакцини против Ковид-19, но и за други постапки и трошења а се поврзани со јавните набавки. 

-Со предложената измена на Законот за јавни набавки вие предлагате измена во дел 5 од Законот за јавни набавки којшто се однесува на средствата за обезбедување на договорот за јавна набавка, рече Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека се суспендираат и два става од соодветниот член кој ќе овзможи исплата на аванс од 20 процети од вредноста на догворот и ослободување од обврска за обезбедување гаранција за авансно плаќање за постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со мерките за пандемијата. 

Тоа, според него, значи дека со намалување на средствата за обезбедување на договорот за јавна набавка при набавки кои се директно поврзани со мерките за спречување на епидемии и пандемии со заразни болести, дека власта создава услови за можна корупцијаи криминал при реализација на јавните набавки од овој вид.  

Диме Велковски од СДСМ рече дека не може да ги разбере пратениците од опозицијата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се согласи со ова законски решение, па дури и на Комисијата за финансирање и буџет предложи амандман што беше прифатен.  

-Законот се однесува само на еден член. Се работи за член 103, каде што претходниот закон вели дека државен орган може и смее да работи ако авансот е до 20 приценти, рече Велковски потсетувајќи дека со веќе прифатениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ ќе може авансот да биде над 20 проценти.

Опозициските пратеници одговорија дека тоа било пред обидот на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да набават вакцини преку сомнителна компанија од Хонг Конг.   

Најголем дел од законите што се или беа на дневен ред на 32. седница се врши усогласување со Законот за прекршоци и со Закон за инспекциски надзор. Законите и одлуките за кои расправата заврши денеска не беа гласани поради тоа што во салата немаше доволен број пратеници. 

Седницата треба да продолжи во 15 и 30 часот.