Во Србија нови 14 случаи на Ковид-19, сега бројката е 149

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До 8. часот утрово, во Србија се регистрирани нови 14 случаи на Ковид-19, и сега бројката кај нашиот северен сосед изнесува 149 лица.

Биле тестирани 38 лица, а 14 од нив се покажале како позитивни, додека другите 24 биле негативни. Девет лица се хоспитализирани во болница, додека пет имаат лесна клиничка слика и се наоѓаат во куќна изолација.