Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 9 септември 2026 година (среда) на подрачјето на главниот град ќе се спроведе терестрична дезинсекција против ларви од комарци.
Прскањето ќе се одвива на водните површини низ градот. Од градските власти напоменуваат дека доколку временските услови не дозволат дезинсекцијата да се изврши во планираниот термин, активностите ќе се реализираат првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни, во истиот временски термин.
Истовремено, се упатува посебен апел до пчеларите навреме да ги преземат сите потребни мерки за соодветна заштита на пчелните семејства.
