Во среда се очекува да бидат објавени новите цени на струјата за домаќинствата. Регулаторната комисија за енергетика ќе одржи седница на која ќе ги соопшти цените на блоковите и тарифите кои ќе важат од 1 јули. Според ова, кој троши повеќе ќе плаќа повисока цена, а кој троши помалку, пониска, рече претседателот на оваа комисија Марко Бислимовски. Првиот блок вклучува потрошувачи до 210 киловати, вториот блок е од 210 до 630 киловати на час, третиот од 630 до 1050 киловати на час и над ова е четвртиот блок. Според неофицијални информации, цената за четвртиот блок ќе се зголеми за 130%.
Универзитетскиот професор Рубин Талески, вели дека цената на електричната енергија нема логика да се одредува според тоа колку члена брои едно семејство. Тој кажа според пресметките за во зима, колку од домаќинствата ќе се паднат во евтиниот блок а колку во скапиот.
Цената што ќе ја плаќаат граѓаните за струја по 1 јули ќе зависи од покачувањето на цената што ќе ја побара универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, бидејќи ЕСМ, од понудата од која најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 евра за кв/ч на тендерот за набавка на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување за седум евра во однос на ланската цена од 41 евро за мегават-час. МЕПСО и Електродистрибуција минатата недела веќе поднесоа барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на струјата за 60 до 80%.
