Од среда се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид. Посебните протоколи предвидуваат патниците да дојдат три часа пред летот, поради проверките и заштитните мерки. За сега во авионите нема да има ограничување на местата за седење, а патниците ќе мора да носат заштитни маски за цело време на летот. Кабините на авионите, потенцира се опремени со специјални филтри кои ги уништуваат скоро сите вирусите и бактерии.
„Протоколот имавме шанса да го видиме, навистина е направен по сите светски целосно почитувајќи ги принципите за зазазување на дистанца, задолжително носење маска, на неколку места низ зградата се поставени средства за дезинфекција на рацете. Ќе може во зградата да влегуваат само патниците, што значајно се намалува ризикотод гужва, што сметам дека е еден одлучен модел“, посочи Венко Филипче.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, очекува од први јули да продолжат летовите што беа стопирани во март поради КОИВИД-19.
„Имавме разговор со „Виз ер“. Од 1 јули продолжуваат да летаат и да ги исполнуваат сите обврски од договорот. За нас како влада авиосообраќајот е исклучително битен. Пред кризата на македонските аеродроми од година на година се рушеа рекорди на патници, што е важно и за економијата и за туризмот. Се надевам дека во натамошниот период и покрај кризата прво ќе се вратиме во нормала, а потоа ќе имаме раст“, истакна Горан Сугаревски.
Министерот Филипче информира и дека денеска ќе разговара со грчкиот колега во врска со отворањето на граничниот премин Евзони, а за влез на нашите граѓани во земјите-членки на ЕУ, веќе разговарал со претставници на Советот за здравство на Европската комисија и повторно има закажано состаноци за утре и за четврток.
