Во Струга плажите празни, причина ковид-19 – „Исплашени сме, нема туристи“, велат бизнисмените

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Туристичката сезона почна но струшкото крајбрежје е мирно и има многу малку туристи. Туристичкиот центар Струга никогаш не бил олку празен како овие денови поради пандемијата со Ковид-19. Плажите чија убавина е позната во земјава и пошироко, се речиси празни а вообичаено во овој период од годината имало многу туристи и од странство. Сопствениците на локалите и хотелите се исплашени од ваквата ситуација. Веќе е јули а во во локалите и хотелите има само мал број домашни туристи.

„Да ви кажам право оваа година не фати страв бидејќи не знаевме дека ова ќе ни се случи толку лошо и толку силно. Затоа секогаш сме велеле да ја поминеме зимата а на пролет ќе заработиме нешто, пари ова она, но годинава имаме голем проблем. Дури не фати страв и за плаќањето данок на државата , имаме и кредити и други работи за плаќање“, истакна Ајруш Мифтари Дредза.

„Оваа годна навистина многу слабо за разлика од минатата година и се надеваме да се подобри состојбата на плаќите во Струга. Туристите се домашни, од надвор се уште немаме“, посочи Ана Јанчева Доданоска.

Тие се надеваат дека бројот на туристи се расте и ќе има поголем бран кога ќе дојдат печалбарите. Сопствениците апелираат туристите да ја посетат Струга бидејќи градот, како што велат тие, ги исполнува сите услови за летен одмор.