Во светот администрирани над 2,04 милијарди дози вакцини против Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Досега во светот се дадени повеќе од две милијарди и 49 милиони дози на вакцини против Ковид-19, пренесува Анадолија.

Земјата со најмногу вакцинирани лица е Кина, каде се администрирани повеќе од 723,48 милиони дози вакцини против Ковид-19, според податоците на веб-страницата „Ourworldindata.org“. Следат САД со 297,72 милиони дози, следени од Индија 224,1 милиони, Бразил 68,92 милиони, Велика Британија 66,18 милиони, Германија 53,4 милиони и Франција со 38,08 милиони.

Сејшелите се земја со најмногу дадени дози на 100 жители (136,74), потоа следат Обединетите Арапски Емирати (133), Сан Марино (126,51 доза), Малта (122,57 дози) и Израел (122,37 дози).

Турција е на десеттото место со најмногу вакцинирани граѓани. Податоците од турското Министерство за здравство покажуваат дека биле администрирани 30.011.072 дози вакцини против Ковид-19. Втората доза е дадена на 12.868,585 лица.