Повеќе од 200 преостанати планинари, кои беа заробени од снежна бура во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет за време на викендот, моментално се евакуираат, изјави денес за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.
Евакуацијата започна во понеделник и треба да заврши денес, изјави изворот, кој побара да остане анонимен, бидејќи нема овластување да зборува со медиумите.
Неколку стотици други планинари кои беа заробени во долината Карма во Тибет беа спасени претходно.
Бројот на планинари во долината Карма, која води до источната страна на Еверест, се зголеми во последните денови поради осумдневниот одмор во Кина.
ФОТО: Архива