Во тек e информативниот разговор со роднините и обезбедувањето на Мијалков

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во полициската станица Пролет во тек е информативниот разговор со членови на семејството на Сашо Мијалков, како и со неговото обезбедување.

Како и претходно што објавивме, од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 информираа дека повикани се братот, сопругата, синот и обезбедувањето на Сашо Мијалков.

Тие пристигнале со три автомобили и се уште се во полициската станица.

Екипата на ТВ21 останува на терен..

Полицијата се обидува да дознае повеќе информации за Сашо Мијалков кого го нема од синоќа откако полицијата не успеала да го најде дома, како и на неколку локации низ Скопје, за да му го врачи решението за куќен притвор пред пресудата во петок за предметот „Таргет Тврдина“.

Денеска за Мијалков беше распишана и меѓународна потерница. Во моментов не е познато каде е екс директорот на УБК.