Во Клубот на пратениците во тек е лидерската средба иницирана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Покрај Мицкоски, на средбата се присутни генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово Биљал Касами од коалицијата „Вреди“.
Од опозицијата учествуваат лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети, додека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не присуствува на средбата.
Како што е најавено, на лидерската средба се разговара за реформските закони во правосудството, Изборниот законик, изборот на народен правобранител, укинувањето на техничката влада, како и за други прашања предложени од учесниците.
