Изборот на нов папа се подготвува, а процесот е непредвидлив како никогаш досега, особено со оглед на тоа што многу кардинали ќе учествуваат на конклава за првпат.
На конклавата што ќе го избере новиот папа учествуваат 135 кардинали, кои следната недела ќе се соберат во Систинската капела за да го изберат наследникот на папата Франциск, пишува денеска Гардијан.
Голем број од кардиналите кои ќе гласаат беа назначени на конклавата од самиот папа во изминатите 12 години, а 20 функционери ја добија титулата кардинал само во декември минатата година.
