Градежните работи на булеварот Благоја Тоска ќе почнат за една недела, но од која страна зависи од ЕВН. Вака изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
„Несомнено очекувам работите да почнат за една недела, на почетокот беше проблем со ЕВН за некои електрични столбови и треба да се распоредат инсталации, ако почнеме од средното текстилно ако не се среди ова прашање тогаш идејата е да се започне од мостот каде што почна и таму ќе ни треба полициска помош бидејќи само со неколку сопственици законски го решивме проблемот и доколку има најави за евентуален протест ќе треба полициска помош за да се продолжи, верувам и посакувам тоа нема да се случи, ова се тие две прашања“, вели Касами.
Меѓутоа граѓаните кои ги анкетиравме и кои живеат во делот каде што треба да минува булеварот, се со поделени мислења во врска со пуштањето на булеварот. Некои велат дека ги мамат веќе 20 години а некои пак се надеваат во ветувањето на Касами.
„Момчето го прашало таткото о татко дали добро ќе се заврши, аман добро ќе се направи, поминува некое време и исто така го прашало момчето дали добро ќе се заврши оваа работа, аман добро ќе се заврши, така ми рече татко ми мене дека тоа ќе биде направено добро. Пет работи поминале велејќи добро ќе се направи и ние така навикнавме 20 години, ајде ќе се направи, ќе се направи сигурно ќе се направи, но кога не се знае, но ќе потрае долго време“, вели граѓанин.
-Да, некогаш ќе се пушти, три четири години така, рекоа дека за една недела ќе почнат работите. Може за 2 месеца, за една недела пченка не се сади.
-Да, ова се повеќе од три-четири години, овој булевар во центарот на градот е ветуван повеќе од 20 години и секој градоначалник кој е ќе дојде ветил дека тоа треба да се направи. Ова е центарот на градот, болницата и ова толку долго време се одолговлекува. И јас живеам во оваа населба овде и има толку многу ветувања веќе 20 години и ова мора да се направи бидејќи ова е центарот на градот, а не предградие, вели граѓанин.
Разговаравме и со една госпоѓа дека овој булевар минува низ нејзината куќа. Зад камерата ни кажа дека општината се уште го нема решено прашањето за експропријација со неа, додека Касами неколку пати изјави дека ова прашање е решено. Средствата за овој булевар се обезбедени од ТАВ, додека работите неколкупати почнуваа и беа прекинувани.