Поројните дождови во градот Тетово во попладневните часови предизвикаа фекалната канализација да излезе на површина.
Многу улици и населби во градот мирисаа лошо бидејќи фекалната канализација излезе на површина.
На терен беа и екипите на Јавното комунално претпријатие кои се обидуваа да ја одзаднат канализацијата, а ваквата ситуација се повторува секогаш кога има поројни дождови во овој град.
Поради недостигот на атмосферска и фекална канализација, дел од градот Тетово секогаш се соочува со овој проблем.
