Во трговски центар во Конектикат ранети пет лица, напаѓачот уапсен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во трговски центар во градот Вотербери, Конектикат, дошло до пукање, во кое биле ранети пет лица, а полицијата во таа американска држава уапсила лице осомничено за нападот.

Полицијата објави дека не верува оти станува збор за случаен чин на насилство, туку дека напаѓачот ги познавал жртвите и дека на пукањето му претходел конфликт, пренесува АП.

Во полициското соопштение се додава дека инцидентот во вторникот можел да резултира со повеќе повредени доколку клиентите не се засолниле на време.

Гувернерот на Конектикат, Нед Ламонт, изјави дека државната полиција ќе помогне во истрагата.