Во Црна Гора потврден првиот случај на лептоспироза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Црна Гора е потврден првиот случај на лептоспироза, болест која се пренесува од заразни животни на луѓе, а поврден е во Бијело Поље, потврди црногорскиот Завод за јавно здравје.

Според извештаите, од 2015 до мај 2025 година, во Црна Гора се регистрирани 18 случаи на оваа заразна болест, но нема пријавени смртни случаи, што, како што наведоа, укажува дека болеста е под контрола кога се дијагностицира и лекува навремено, пренесува РТЦГ.

Најголем број случаи – 61 процент – е регистриран во Подгорица, додека другите случаи се регистрирани во Бијело Поље, Беране, Даниловград, Будва, Улцињ и Тузи.