Во Црна Гора утрово се измерени рекордни минус 33 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Рекордно ниска температура од минус 33,2 Целзиусови степени, утрово е измерена во Црна Гора, во местото Косаница во општина Плевља, потврди метеорологот Душан Павиќевиќ.

Досега најниска температура била регистрирана во 1985 година во Рожаје, минус 32 степени.

Во Црна Гора денеска се очекува претежно сончево време, а највисоката температура ќе изнесува девет степени.

Во северниот дел од земјава ќе има посилен мраз, а по котлините можна е појава на магла или зголемена ниска облачност.

Според Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, во одредени делови од земјата ќе дува умерен до засилен северен ветер.