Во Украина регрутирани 9,5 илјади осуденици, меѓу кои 100 жени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државната затворска служба на Украина (ДЗСПУ) денес објави дека 9.500 волонтери кои отслужуваат казна во таа институција се приклучиле на редовите на Вооружените сили на Украина.

Во соопштението се додава дека меѓу нив има и 100 жени кои отслужуваат казни, пренесува украински Интерфакс.

„Околу 9.500 осуденици извршуваат задачи на фронтот, особено на фронтовската линија. Но, не сите од нив се мажи. 100 жени кои добиле казни служат во Вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението.