Во Ленардароч, на север од Унгарија, денес е измерена рекордно ниска дневна температура за ова време од годината од минус 1,8 степени Целзиусови, овјави Националната метеоролошка служба на својата веб-страница.
Второто најстудено место во Унгарија беше Забар, исто така на северот од земјата, со минус 0,4 степени Целзиусови, објави ХунгароМет, пренесува МТИ.
Просечната национална температура утрово беше за 2,3 степени Целзиусови под просекот, соопшти метеоролошката служба.
Студен бран ја зафати централна Европа и Балканот. Утрово најниска температура во Македонија беше измерена во Берово, каде беа измерени три степени Целзиусови.